ПСЖ има кошмари од Халанд, Борусија води 2-1

Ерлинг Халанд уште еднаш покажа зошто важи за најталентиран напаѓач во Европа, блеснувајќи со гол за водство за Борусија Дортмунд од 1-0. Норвежанецот се најде на вистинско место, па по една одбиена топка го покажа голгетерскиот инстинкт, сместувајќи ја топката над Кејлор Навас во мрежата на ПСЖ.

Радоста на „милионерите“ сепак не траеше премногу долго, Мбапе одлично се снајде по десната страна, несебично проигрувајќи го Нејмар за израмнување.

Страстите на теренот се разгореа, а Борусија експресно го врати водството преку Халанд, кој со  прекрасен удар од дваесетина метри донесе нова радост на домаќините во Дортмунд.

Се вчитува...