ПСЖ има три желби за нов тренер и сите се „зафатени“ во моментот

Францускиот гигант Пари Сен Жермен речиси сигурно ќе ангажира нов тренер за следната сезона, откако Унаи Емери не успеа главната цел на клубот – да стигне далеку во Лигата на шампионите. Со такви огромни вложувања сосема е нормално „светците“ да бидат лидери во домашниот шампионат, а претседателот Насер Ал Келаифи и раководните луѓе на ПСЖ се во потрага по нов стратег кој би можел да ги исполни нивните желби.

Според француските медиуми, во Париз засега имаат трои желби за нов тренер и, интересно, сите се „зафатени“ во овој момент. ПСЖ посакува на клупата да доведе еден од триото Зинедин Зидан, Диего Симеоне и Маурицио Полетино.

Претходно, како можни наследници за Унаи Емери се споменуваа и Антонио Конте и Луис Енрике.

Се вчитува...