ПСЖ испрати понуда за Белерин

Францускиот првак Пари Сен Жермен сака да ја засили одбранбената линија со десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин. Раководството на „светците“ испрати официјална понуда вредна 25 милиони фунти и се надева дека тоа ќе биде доволно за да го убеди Арсенал да го продаде шпанскиот интернационалец. Во договорот ќе бидат вклучени и дополнителни 5 милиони фунти како бонуси доколку Белерин освои трофеи со ПСЖ.

Арсенал е подготвен да се откаже од Белерин, но прашање е дали оваа сума ќе ги задоволи апетитите на Микел Артета кој сака парите од продажбата на Шпанецот веднаш да ги инвестира во нови засилувања.

Се вчитува...