ПСЖ ја одреди цената за Нејмар, но Мбапе е „недопирлив“

Килијан Мбапе и Нејмар имаат беспрекорна соработка во нападот на ПСЖ, но ова ќе биде нивна последна заедничка сезона во дресот на „светците“ откако раководството на францускиот клуб донесе одлука за разделба од еден од нив.

Тоа ќе биде Нејмар, чие непрофесионално однесување продолжи и во текот на сезонава, па за челниците на ПСЖ нема дилема дека тој ќе мора да си замине од „Паркот на принцовите“. ПСЖ пред три години плати 222 милиони евра за да го доведе Нејмар, но свесни дека немаат шанси да ја вратат вложената сума „светците“ се подготвени и на значителна загуба. Поконкретно, 150 милиони евра е отштетата што францускиот првак очекува да ја заработи од продажбата на својот најскап фудбалер, со Барселона во пол-позиција во трката за негов ангажман.

За разлика од Нејмар, ставот на ПСЖ за Килијан Мбапе е цврст – францускиот ас не е за продажба и дефинитивно ќе остане најмалку уште наредната сезона. „Светците“ планираат да го градат тимот околу Мбапе, нудејќи му договор над 30 милиони евра годишна плата, што би требало да биде доволно да го убеди голгетерот да прифати да го продолжи престојот во Париз.

Едно е јасно, францускиот шампион ќе прави ремонт на навалната линија ако се знае дека покрај Нејмар ќе си заминат и Кавани (му истекува договорот) и Икарди (нема да му биде откупен договорот по позајмицата од Интер).

Се вчитува...