ПСЖ ја пронајде замената на Тухел?

Германскиот стратег Томас Тухел наскоро може да добие отказ од Пари Сен Жермен, пренесуваат француските медиуми.

Германецот е на клупата на ПСЖ од 2018 година, а досега со клубот освои неколку трофеи во Франција, но тоа што му се замерува се слабите резултати во Лигата на шампионите. Медиумите пренесуваат дека раководството на францускиот шампион го губи трпението со Тухел и дека не се задоволни во која насока се движи клубот.

Наводно, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо веќе го контактирал Масимилијано Алегри кој би требало да го замени Германецот.

Се вчитува...