Пари сен Жермен е добитник на наградата за најдобар клуб во фудбалска Европа за 2026 година, сосема заслужено откако „светците“ втора година по ред успеаја да стигнат до титулата во Лигата на Шампионите. Ова беше прва награда за најдобар играч или клуб во машка или женска конкуренција што не заврши во рацете на шпански фудбалер или колектив.
Усман Дембеле, кој се повреди на последниот дуел од ЛШ против Барселона, се појави на гала-вечерата во Лондон за да го добие големото признание во името на својот клуб.
„Горди сме на се што остваривме, јас и моите соиграчи, предводени од тренерот Луис Енрике. Благодарност до сите, среќни сме што докажавме дека се уште сме клуб број 1 во Европа“, истакна Дембеле.
Во женска конкуренција, за најдобар клуб во Европа беше избрана Барселона откако каталонскиот гигант ја продолжи доминацијата со уште една титула во Лигата на Шампионите на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
