ПСЖ ќе го ’напаѓа’ Пјаниќ ова лето

Францускиот клуб Пари Сен Жермен планира комплетна реконструкција на составот по завршувањето на сезоната, а веќе се познати и дел од имињата кои се наоѓаат на списокот на можни засилувања. Меѓу нив, како што информираат медиумите во Франција, е и Миралем Пјаниќ, босанскиот интернационалец од редовите на италијанскиот првак Јувентус. Тој би требало да игра во тандем со Верати идната сезона и да биде главен креатор на играта на „светците“.

Првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи, веќе издал наредба до спортскиот директор Антеро Енрике да не штеди на понудата за Миралем Пјаниќ. Тој е под договор со „старата дама“, но јасно е дека ПСЖ е финансиски моќен да ги купи и најдобрите во светот. Покрај Пјаниќ, на списокот се и Мохамед Салах и Џанлуиџи Донарума.

Се вчитува...