Францускиот фудбалски првак Пари Сен Жермен најверојатно ќе ја избегне казната од УЕФА за непочитување на финансиски фер-плеј, доколку ја надополни ‘дупката’ од 60 милиони евра во касата. Според новата регулатива на Европската куќа на фудбалот, европските клубови не смеат да трошат повеќе од тоа што можат да го заработат во текот на една сезона, а по ревизијата во ПСЖ е откриено дека клубот има финансиска негатива од 60 милиони евра.
Но, доколку на „Паркот на принцовите“ пристигне приход за да ја покрие ‘дупката’ до 30 јуни, тогаш ПСЖ ќе помине без драстична санкција од УЕФА. Ова значи дека под итно неколку фудбалери ќе бидат ставени на трансфер – листа и ќе бидат продадени.
Голем дел од минусот се очекува да биде надополнет од продажбата на Гуедеш, за кого Валенсија веќе понуди 40 милиони евра, а трансферот е многу близу до реализација. Ова нема да биде доволно, па се очекува од клубот да си заминат и голманот Трап и уште еден првотимец, меѓу Рабио и Верати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА