ПСЖ ќе пазари во Интер: Шкриниар и Наинголан да се преселат во Париз

Францускиот првак Пари Сен Жермен е сериозно „десеткуван“ со повреди и казни, а дел од фудбалерите се уште чувствуваат последици од коронавирусот. Токму затоа спортскиот директор Леонардо интервентно се обидува да доведе нови засилувања во Париз. Неговите погледи се насочени кон Италија и тоа во редовите на Интер.

На Томас Тухел итно му е потребен нов дефанзивец, а ПСЖ посакува тоа да биде Милан Шкриниар, стоперот на Интер. Тој не успеа да се избори за место во стартниот тим на Антонио Конте и „светците“ сакаат тоа да го искористат и да го добијат на едногодишна позајмица во Париз. Желбата на ПСЖ е во пакет со него да пристигне и Раџа Наинголан, одличниот играч за врска кој ова лето се врати од позајмица во Калјари.

Се вчитува...