ПСЖ летово ги продаде Рамош во Милан и Ли во Атлетико Мадрид, па логично е зошто Луис Енрике инсистираше на доведување на нови офанзивни фудбалери во тимот.
„Светците“ беа поврзувани со неколку различни опции, за конечно да успеат да договорат еден трансфер, носејќи го на „Паркот на принцовите“ Магнеш Аклиуш од редовите на Монако.
Станува збор за играч што беше избран од страна на Енрике како идеално засилување за ПСЖ, пред се поради фактот дека може да настапува на неколку различни позиции во навалната линија. Клубовите преговараа повеќе од месец дена, но во последните два дена дојде до значаен напредок, при што се договорени речиси сите детали од трансферот што ќе биде со вкупна вредност од над 40 милиони евра.
Овој фудбалер нема да има загарантиран првотимски статус, но минутажата би можела значително да му се зголеми доколку се реализираат најавите за преселба на Баркола во Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
