ПСЖ купува две „ѕвезди“ со парите од Нејмар

Неодговорното однесување на Нејмар и во текот на оваа сезона им дојде преку глава на челниците на ПСЖ, кои претстојното лето нема да го блокираат неговото заминување од „Паркот на принцовите“ како што тоа беше случај минатата година. Бразилецот не крие дека сака да се врати во Барселона, а францускиот првак очекува да добие најмалку 200 милиони евра од овој мегатрансфер, пари што веќе се испланирани како ќе бидат потрошени во текот на летниот преоден рок.

Оваа сума ќе биде реинвестирана во две фудбалски „ѕвезди“, и тоа Пол Погба и Сергеј Милинковиќ Савиќ, кои би формирале моќен тандем на средината од теренот. Погба е несреќен во Јунајтед, ниту Јувентус, ниту Реал не сакаат да платат 100 милиони евра за неговиот трансфер, но „светците“ се подготвени да ја издвојат оваа сума за Французинот конечно да заигра во татковината. Милинковиќ – Савиќ е меѓу најзаслужните за фантастичната сезона на Лацио, за него се интересираат и Челси, Јувентус и Манчестер Јунајтед, но „светците“ се убедени дека со понуда од 100 милиони евра ќе ја победи конкуренцијата.

За очекување е и „ремонт“ во нападот, бидејќи покрај Нејмар ќе си замине и Единсон Кавани, а се уште е неизвесно дали ќе биде откупен договорот на Мауро Икарди со Интер.

Се вчитува...