ПСЖ лесно преку Висла, на чекор до четвртфиналето на ЛШ

ПСЖ е многу блиску до место во четвртфиналето од ракометната Лига на шампиони откако тимот на Раул Гонзалес славеше на гостувањето против Висла Плоцк со резултат . Со оглед на предноста од првиот меч, но и разликата во квалитет пред реваншот во Париз, „светците“ се големи фаворити за место во следната фаза каде ќе ги очекува двомеч со каталонскиот гигант Барселона.

Висла вечерва успеа да парира само едно полувреме, откако полскиот вицепрвак благодарение на цврстата одбрана одолеваше на налетите на ПСЖ и на одмор се замина со само еден гол предност на гостите од Париз (12-13). Мечот беше израмнет до 14-14, кога ПСЖ конечно влезе во ритам и со серија од 5-1 го скрши отпорот на Висла. Полјаците се обидоа да се вратат, но не успеаја да ја спуштат разликата под три гола. ПСЖ имаше предност од 24-29 на помалку од три минути до крајот, Висла дојде до 26-29 пред Пранди со гол од девет метри да стави печат на победата изразена со конечни 26-30.

Сипжак и Пранди со по осум гола го предводеа францускиот првак до оваа голема победа, додека најефикасен во таборот на Висла беше Зарабец сочетири погодоци.

Се вчитува...