Францускиот првак Пари Сен Жермен може да стане првиот тим во Лигата на шампионите кој ќе избори пласман во нокаут фазата по само три одиграни натпревари во групата. „Светците“ имаат две победи на стартот и шест освоени бода и со евентуален триумф вечерва во Белгија против Клуб Бриж ќе прокнижат девет бода.
Истовремено, доколку Галатарасај и Реал Мадрид ремизираат во Истанбул, тогаш ПСЖ ќе биде недостижен за другите тимови од групата А кои би имале по два бода по три одиграни меча.
Реал Мадрид досега го има најслабиот старт во клупската историја во ЛШ, со само еден освоен бод по два натпревари од групната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА