ПСЖ му даде „предност“ од три гола на Амиен, потоа поведе и на крајот ремизираше

Францускиот првак Пари Сен Жермен има таков квалитет што може да му даде на противникот и три гола предност и повторно да не загуби. Парижаните направија голем пресврт на гости кај Амиен, поведоа со 3-4, а на крајот сепак ремизираа 4-4.

Амиен поведе со неверојатни три гола разлика, со погодоците на Гираси, Какута и на Дијабате, а Андер Херера намали на 3-1 пред самиот крај на првиот дел. А во второто полувреме се случи пресврт. Нианзу Куаси со два гола го израмни резултатот, а Мауро Икарди донесе водство за ПСЖ во 74.минута од мечот. Сепак, Сехру Гираси во судиското полувреме со вториот гол успеа да израмни на конечни 4-4.

По ова тимот на Томас Тухел има 62 бода на врвот на табелата во првенството на Франција, дури 13 повеќе од второпласираниот Олимпик Марсеј.

Се вчитува...