ПСЖ му нуди двојна плата на Пјаниќ за да игра на „Паркот на принцовите“

Пари Сен Жермен со конкретна понуда се обидуваат уште сега да го договорат фудбалерот за врска на Јувентус Миралем Пјаниќ. „Светците“ на Босанецот му нудат петгодишен договор со плата од осум милиони евра по сезона, речиси двојно повеќе од сумата која ја заработува во редовите на „старата дама“.

Според италијанските медиуми, ПСЖ подготвува сума од 80 милиони евра за да го реализира трансферот, повеќе од двојно од износот на неговата преселба во Јувентус од редовите на Рома пред две години.

Во составот на францускиот гигант се очекува ремонт на лето, а  босанскиот репрезентативец го гледаат како вистинскиот организатор на нивната игра за во иднина. Евентуален ангажман на Антонио Конте или пак Макс Алегри, може да го привлече 27-годишниот фудбалер да се одлучи за преселба во Париз.

Француското првенство не е непознат „терен“ за Пјаниќ, три години ги бранеше боите на Олимпик Лион, настапи на вкупно 121 натпревари постигнувајќи 16 погодоци и 21 асистенција.

Се вчитува...