ПСЖ денеска го промовираше Феран Торес, комплетиран е и трансферот на Готс од Ајакс, но челниците на актуелниот европски првак изненадија многумина со откажувањето на третиот договорен трансфер што требаше да биде официјализиран викендов.
Зион Сузуки сепак нема да го облече дресот на ПСЖ откако францускиот гигант буквално во „пет до дванаеет“ се премисли и реши да не го доведе јапонскиот голман во своите редови.
Беше договорено буквално се, Парма ја прифати понудата од вкупно 35 милиони евра, а ПСЖ го договори и чартер авионот со кој Јапонецот требаше да дојде во Париз.
Се пропадна поради менаџерските провизии, откако агентот на Сузуки во последен момент ги промени личните услови околу сумата што тој требаше да ја добие од овој трансфер. „Светците“ се налутија бидејќи веќе загубија премногу време на овие преговори, Сузуки секако не им беше планиран за сезонава и требаше да биде пратен на позајмица, поради што гигантот од Париз решши целосно да го откажже овој трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
