ПСЖ никако да победи во Лига 1, овој пат потклекна пред Монако

Актуелниот европски и француски шампион, ПСЖ, сè уште нема триумф во новата сезона.

По двете ремија во првите две кола во Лига 1, вечерва Светците загубија пред своите гледачи со 1:2 од Монако.

Натпреварот одлично започна за играчите на ПСЖ, Маркињос во 31-та минута предизвика еуфорија на „Паркот на Принцевите“. Но, во вториот дел, играчите на Монако направија целосен пресврт и ги однесоа бодовите во Монте Карло.

Прво, во 58 минута Назињо го израмни резултатот, а Идумбо во 72-та минута го шокира ПСЖ.

Монако по три кола има максимални девет бода и се наоѓа на лидерската позиција, додека ПСЖ до два бода моментно е 12-ти на табелата.

Се вчитува...