ПСЖ објави: Мбапе ќе биде во тимот против Борусија

Килијан Мбапе ќе се најде во составот на ПСЖ за вечерашниот натпревар против Борусија Дортмунд, откако францускиот голгетер се најде на списокот со фудбалери на тренерот Тухел за овој реванш-дуел.

Мбапе во претходните три дена воопшто на тренираше поради болест, а ситуацијата стана алармантна откако вчера беше објавено дека врз него е извршено тестирање за коронавирус. Сепак, утрово стигнаа и официјалните резултати – тестот над Мбапе беше негативен, по што Тухел реши да го вклучи во екипата. За очекување е францускиот репрезентативец мечот да го почне од клупата за резерви, а во игра да влезе доколку е неопходно, во обид ПСЖ да ја надополни негативата од 1-2 од првиот натпревар во Дортмунд.

Лоша вест за Тухел е што капитенот Тијаго Силва не се рехабилитираше навреме од својата повреда и нема да може да настапи на вечерашниот натпревар, што ќе се игра пред празни трибини на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...