ПСЖ остана без клучен играч за дербито со Монако

ПСЖ ќе биде сериозно ослабен за утрешното дерби против Монако откако тренерот Луис Енрике објави дека Нуњо Мендеш ќе мора да го пропушти овој дуел.

Португалскиот лев бек е меѓу најстандардните првотимци кај Енрике, но повредата што ја заработи на последниот европски меч против Тотенхем ќе придонесе тој да не биде во комбинација за овој викенд. Енрике на денешната прес-конференција објави дека повредата не е премногу сериозна, но сепак решил да не ризикува за да не дојде до поголем проблем.

Покрај левиот бек Мендеш ќе отсуствува и десниот бек Ашраф Хакими кој веќе подолго време е повреден, како и офанзивецот Дезире Дуе. Сепак, добра вест за Енрике е што Дембеле е „фит“ за да стартува од првата минута против Монако.

ПСЖ по тринаесет рунди е лидер на табелата во француското првенство, со два бода предност во однос на второпласираниот Олимпик Марсеј.

Се вчитува...