ПСЖ пак е страшен – четири „ѕвезди“ се здрави и подготвени за Олимпик Марсеј

ПСЖ претрпе неочекуван пораз од Ленс на стартот од новата сезона, но неуспехот се должеше пред се на бројните отсуства на клучните играчи, поради повреди или зараза од коронавирус. Следен предизвик за „светците“ е вечното француско дерби против Олимпик Марсеј, а Томас Тухел има причина за задоволство откако четири стандардни првотимци му се ставија на располагање за овој натпревар.

Нејмар уште во текот на вчерашниот ден објави дека оздравел од коронавирус и почна со тренинзи, заедно со него беше и голманот Кејлор Навас, а денеска пристигнува информација за зелено светло за тренинзи и за Анхел ди Марија и Леандро Паредес. Четворицата стандардни првотимци ќе бидат во комбинација за настап против Олимпик, но Тухел ќе реши дали ќе бидат стартери, со оглед на нивното отсуство од тренинзите во изминатиот период.

Дуелот со Олимпик Марсеј дефинитивно ќе го пропуштат Маркињос, Икарди и Мбапе, кои се уште се наоѓаат во изолација. Маркињос и Икарди би требало да се вратат за пресметката со Мец на 16 септември, додека прогнозите за Мбапе се дека ќе може да игра на дуелот со Ница на 20 септември.

Се вчитува...