ПСЖ победува на рутина во Франција

ПСЖ ја продолжи победничката серија во француското првенство, стигнувајќи до три бода на незгодното гостување против Нант (1-2).

„Светците“ стигнаа до цел плен без оглед на отсуството на Нејмар, кој се пожали на повреда непосредно по бурната роденденска забава што ја организираше вчера во Париз. На негово место шанса доби Икарди, а аргентинскиот голгетер веднаш ја оправда довербата отворајќи го резултатот.

На 0-2 во вториот дел зголеми Керер, а Нант намали преку Симон во 68. минута, по грешката на Кимпембе. Домаќините имаа две убави шанси да израмнат, но Кејлор Навас беше на висина на задачата, па „светците“ ја забележаа и четвртата победа во низа во домашното првенство, уште повеќе зацврстувајќи се на чело на табелата.

 

Се вчитува...