ПСЖ подготви 60 милиони евра за Шкринијар, Интер веднаш бара замена

ПСЖ се подготвува со 60 милиони евра да го привлече стоперот на Интер, словачкиот интернационалец Милан Шкринијар. Парижаните силно го сакаат дефанзивецот на „нероазурите“, и подготвени се да го привлечат ова лето.

Дека намерата на францускиот првак е сериозна покажува фактот дека Интер веднаш тргнал во негова замена. Изборот паднал на стоперот на Торино, Глејсон Бремер.

За Бремер има интерес и од Милан, но од ривалот повеќе се заинтересирани за стоперот на Лил, Свен Ботман.

Интер, пак, за Шкринијар бара 70 милиони евра плус бонуси или 80 милиони евра.

Се вчитува...