ПСЖ подготвува нов договор за Рабио

Францускиот гигант Пари Сен Жермен „гази“ во домашниот шампионат, а се подготвува и за реваншот против Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите. Младиот играч за врска Адриен Рабио игра одлично оваа сезона, а раководството на „светците“ подготвува нов договор за него, со кој ќе го „врзе“ да остане во Париз и во наредните неколку години.

Рабио има договор до 2019 година, откако за само 1,5 милиони евра своевремено дојде од редовите на Тулуз како младо момче. Сега неговата вредност е повеќе од 50 милиони евра, а претседателот на ПСЖ, Насер Ал – Келаифи, не сака ниту да слушне за негова евентуална продажба. Тој треба да добие нов договор до 2023 година, а во иднина да биде и нов капитен на Пари Сен Жермен.

 

Се вчитува...