ПСЖ подготвува понуда за Дибала

Францускиот првак Пари Сен Жермен нема намера да го продаде Нејмар ова лето, туку и дополнително да се засили за да атакува на трофејот во Лигата на шампионите. Новиот тренер Томас Тухел е голем фан на Пауло Дибала и посакува да го доведе Аргентинецот на „Паркот на принцовите“.

Првичните контакти се вече остварени, а раководството на клубот подготвува официјална понуда која треба да изнесува 100 милиони евра. Доколку Дибала дојде во Париз, тогаш сигурно ќе си замине Единсон Кавани, кој се поврзува со трансфер во Атлетико Мадрид. Сепак, сите овие комбинации ќе бидат оставени за реализација по завршувањето на Светското првенство во Русија, кое започнува за четири дена.

Се вчитува...