ПСЖ понуди 45 милиони за новиот бисер на Ајакс, веднаш доби НЕ за одговор

ПСЖ се разбуди на фудбалскиот пазар, потписот на Аклиуш од Монако е осигуран, по што актуелниот европски првак сака дополнително да ја засили навалната линија.

Изборот падна врз новиот бисер на Ајакс, Мика Готс, одличниот офанзивец кој експресно ги договори личните услови со „светците“ окоу овој трансфер.

„ПСЖ покажа дека апсолутно го сака Мика во своите редови. И тој самиот сака да замине во Париз, што е логично бидејќи има одлична понуда од двократниот првак на Европа“, потврди агентот на напаѓачот, Нилс де Јонк.

Преговорите не делуваат лесно, ако се знае дека францускиот гигант испрати понуда од 45 милиони евра (40 загарантирани, 5 милиони врзани со неколку клаузули), но истата беше експресно одбиена од Ајакс.

Холандскиот гигант инсистира на отштета од 60 милиони евра за белгискиот суперталент, па останува да ја почекаме разврската од овие преговори…

Се вчитува...