За само два дена, ПСЖ се договори за доаѓањето на двајца напаѓачи вредни повеќе од 100 милиони евра, пишува француски „Л’Екип“.
Францускиот шампион прво постигна договор со Барселона за Феран Торес за нешто помалку од 50 милиони евра, а синоќа се договори и за трансферот на Мика Годтс од Ајакс за 55 милиони евра.
Годтс треба да пристигне во Париз за време на викендот, а француските медиуми објавуваат дека дури и по неговото и доаѓањето на Торес, работата на ПСЖ во нападот можеби нема да биде завршена. Ова лето, клубот веќе ги доведе Мањес Аклиуш за 50 милиони евра, Зајон Сузуки за 35 милиони и Лукас Дињ за седум милиони евра.
Само Торес и Годтс ќе го чинат ПСЖ повеќе од 100 милиони евра. Во исто време, „Л’Екип“ ја остава отворена можноста Луис Енрике да добие уште еден офанзивен играч пред да се затвори преодниот рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
