ПСЖ потврди, Нејмар оди на операција во Бразил

Најскапиот фудбалер во светот, Бразилецот Нејмар, кон крајот на оваа семдица заминува на операција во родната земја, потврди францускиот клуб Пари Сен Жермен. По тридневна консултација и лекарски анализи, во кои учествуваа клупските доктори на ПСЖ, но и лекарот на бразилската фудбалска репрезентација, одлучено е Нејмар да ја санира повредата по хируршки пат. Како што информира ПСЖ, операцијата ќе ја изврши бразилскиот стручњак д-р. Родриго Ласмар, а ќе му асистира проф. д-р. Саилан, кој е и клупски доктор на Пари Сен Жермен.

Нејмар на дерби натпреварот од француското првенство против Олимпик Марсеј заработи скршеница на петтата метатарзална коска на стапалото на десната нога, а има и истегнување на лигаментите на десниот скочен зглоб. Ова е и официјална потврда дека Нејмар нема да може да настапи на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а неговото враќање на терените се очекува за околу два месеци.

Се вчитува...