ПСЖ преку Гингамп до осминафинале во Купот на Франција

ПСЖ без поголеми проблеми обезбеди место во осминафиналето од Купот на Франција, откако со 4-2 славеше против Гингамп во 1/16-финалната пресметка.

Францускиот шампион триумфот го најави уште по само 25 минути игра со два гола, на Рабио во 21. минута и автоголот на Деукс во 25. минута. Откако гостите намалија на 2-1, во вториот дел во 64. минута Пасторе зголеми на 3-1. Гингамп повторно намали преку Н’Гбакото од пенал во 75. минута за да конечните 4-2 ги постави Маркињос во 89. минута од средбата.

Се вчитува...