ПСЖ преполовен: Мбапе ја предводи листата на отсутни против Ница

ПСЖ вечерва му гостува на тимот на Ница во претпоследното коло од францускиот шампионат, дерби дуел за кој тренерот Луис Енрике се соочува со сериозни проблеми околу составот.

Килијан Мбапе воопшто нема да патува со тимот кон Ница, откако најдобриот фудбалер на „светците“ се пожалил на болка во мускулот по последниот дуел минатиот викенд. Повредата не е премногу сериозна, но на помалку од еден месец до стартот на ЕВРО 2024 никој не сака да ризикува да дојде до поголем проблем, поради што Мбапе целосно ќе мирува во следните неколку дена.

Покрај најдобриот стрелец на тимот, Енрике нема да може да смета ниту на Дембеле, Коло Муани, бековите Мендеш и Хакими, како и на резервниот голман Кејлор Навас.

ПСЖ веќе ја има осигурано шампионската титула, додека Ница мора да забележи победа ако сака да си ги задржи шансите за четвртото место кое води во ЛШ следната сезона (Ница моментно има четири бода помалку и меч помалку во однос на Брест).

Се вчитува...