ПСЖ сака да го задржи Чупо-Мотинг уште една сезона

Францускиот првак Пари Сен Жермен не би сакал да се раздели со камерунскиот напаѓач Ерик-Максик Чупо-Мотинг. Откако постигна еден од клучните голови за патот до финалето, победничкиот погодок во лудиот пресврт против Аталанта во четвртиналето, придоби многу повеќе симпатии и од навивачите кои дотогаш сметаа дека не е достоен за да го носи дресот на „светците“. Токму затоа спортскиот директор Леонардо се обидува да го задржи иако беше речиси договорено Чупо-Мотинг ова лето да го напушти „Паркот на принцовите“.

ПСЖ го потпиша голманот Серхио Рико до 2024 година, исто така го продолжи договорот и на Лејвин Курзава за четири години, а Томас Тухел и раководството сакаат да го имаат и Чупо-Мотинг и следната сезона. Посебно откако Единсон Кавани го напушти клубот, а се уште нема на повидок ангажман на нов напаѓач кој би бил замена за Мауро Икарди.

Се вчитува...