ПСЖ се засили со голман од Русија

И покрај тоа што руските екипи не играат во европските купови, сепак, не ги спречува спортистите да прават трансфери во големи клубови. Така голманот на Краснодар, Матвеј Сафонов ќе биде нов голман на ПСЖ.

Тој ќе дојде на местото на Кејлор Навас, и ќе биде резерва за неприкосновениот Џанлуиџи Донарума, кога овој нема да може да го чува голот на „Светците“.

Сафонов има 25 години, и треба да потпише петгодишен договор. Краснодар за овој трансфер ќе добие 20 милиони евра. Инаку Сафонов досега има настапувано само за Краснодар. За рускиот национален тим има 13 настапи.

Се вчитува...