ПСЖ сигурен… Декласиран и Дижон (ВИДЕО)

ПСЖ сигурно чекори кон новиот трофеј во Лига 1, славејќи убедливо со 4-0 и против Дижон во 27. коло.

На парижаните им требаше само три минути да го скршат отпорот на противникот. Со голот на Сарабија поведе ПСЖ уште во 3. минута.

Мбапе зголеми на 2-0 во 74. минута, Икарди две минути подоцна дополни за 3-0, а конечни 4-0 ги постави Мбапе со својот втор гол во 91. минута.


ПСЖ на врвот од табелата е со 13 бода предност во однос на второпласираниот Марсеј.

Се вчитува...