ПСЖ со италијанска мисија: Буфон и Бонучи да дојдат во Париз

Францускиот првак Пари Сен Жермен посакува да ја засили одбраната, и тоа со докажана, италијанска машинерија. Новиот тренер Томас Тухел го посакува Џанлуиџи Буфон на голот на „светците“, но и Леонардо Бонучи во централниот дефанзивен ред. За оваа италијанска мисија, секако, ПСЖ е подготвен добро да плати.

Буфон е слободен агент, и за двегодишен договор треба да добие околу 12 милиони евра, а откупувањето на Бонучи од Милан ќе чини околу 60 милиони евра. Но, за богатиот сопственик Насер Ал Келаифи тоа и не е некој посебен проблем, освен фактот дека ПСЖ мора до 30 јуни да го задоволи финансискиот фер-плеј на УЕФА и да врати во касата токму околу 60 милиони евра. Тоа значи дека неколку ѕвезди од актуелниот состав ќе мораат да одат на продажба, за да дојдат нови и според вкусовите на Томас Тухел. А тој ги посакува токму Буфон и Бонучи…

Се вчитува...