ПСЖ со нов потпис – Мика Готс е „светец“

‘ПСЖ успеа да комплетира уште еден трансфер откако доцна синоќа беше официјализиран договорот со Мика Готс, белгискиот 21-годишен сперталент кој доаѓа од редовите на Ајакс.

Офанзивниот фудбалер беше високо на листата со желби на Луис Енрике, а управата на ПСЖ најде заеднички јазик со холандскиот гигант, на крајот плаќајќи почетни 45 милиони евра, плус уште потенцијални десет милиони поврзани со лесно остварливиклаузули. Личните услови беа договорени уште пред десетина дена, па Готс по лекарските прегледи го стави својот потпис на петгодишниот договор со актуелниот европски шампион.

„Пресреќен сум што доаѓам во еден од најголемите клубови во светот. Едвај чекам да го облечам овој дрес, да го доживеам играњето  на Паркот на принцовите пред нашите верни навивачи. Ќе сторам се за да се оддолжам за довербата во мене што ја покажаа тренерот Енрике и претседателот Ал Келаифи“, изјави Готс по потписот на договорот со „светците“.

Се вчитува...