ПСЖ во офанзива по Деле Али

Францускиот првак Пари Сен Жермен влегува во преговори со Тотенхем за ангажман на англискиот репрезентативец Деле Али. Тој не е во најдобри односи со менаџерот Жозе Мурињо, не доби минутажа на последните мечеви и се погласни се најавите дека ќе замине. ПСЖ го сака Деле Али на позајмица за претстојната сезона, со опција потоа и комплетно да го откупи неговиот договор.

Тренерот на „светците“, Томас Тухел, верува дека Деле Али би бил одлично засилување за средниот ред и подготвен е да плати 15 милиони евра за едногодишна позајмица.

Деле Али пет сезони го носи дресот на Тотенхем, досега има одиграно 157 натпревари и постигна 50 гола.

Се вчитува...