ПСЖ во Шпанија патува без четворица стандардни првотимци

Тренерот на актуелниот европски шампоин ПСЖ, Луис Енрике, го одреди списокот од 21 фудбалер со кои ќе патува за мечот од четвртото коло во Лигата на шампионите против Виљареал.

Енрике за дуелот со шпанскиот тим поради повреди нема да може да смета на четворица клучни фудбалери Осман Дембеле, Маркињос, Нуњо Мендес и Хвича Кварацхелија за кого сезоната е завршена.

Натпреварот помеѓу Виљареал и ПСЖ ќе се одигра утревечер од 21 часот.

По три кола во ЛШ, ПСЖ е прв со максимални девет бодови, додека Виљареал е 19-ти на табелата со три освоени бодови.

Се вчитува...