ПСЖ „загриза“ за Енцо Фернандез, Бенфика бара 120 милиони

Фудбалерот од средниот ред на Аргентина и на Бенфика Енцо Фернандез го привлече вниманието кон себе со одличните игри на Мундијалот во Катар. За 21-годишниот фудбалер од средниот ред е заинтересиран ПСЖ, а претходно интерес покажаа и Реал Мадрид, Барселона, двата клуба од Манчестер, Тотенхем, Интер, Ливерпул…

Наводно сите клубови веќе стапиле во конктакт со менаџерот на играчот кој одигра одлично Светско првенство, и беше прогласен за најдобар млад фудбалер во Катар.

Бенфика наводно е подготвена да ги разгледа сите понуди, но за услугите на својот играч ќе бара цели 120 милиони евра. Оваа сума е дополнително зголемена откако Енцо го освои трофејот на Мундијалот, и индивидуалната награда за најдобар млад играч на СП.

Се вчитува...