ПСЖ тргна моќно во преговорите за нови засилувања во последната седмица, а откако беше договорен трансферот на Аклиуш од Монако управата на еввропскиот првак успеа да обезбеди уште еден важен потпис.
Јапонскиот репрезентативец Зион Сузуки ќе биде нов прв голман на ПСЖ откако „светците“ ги договорија сите детали со неговиот клуб Парма. Сериозен интерес за Сузуки, кој бранеше во топ-форма на последниот мундијал, покажаа и Јувентус и неколку англиски клубови, но понудата од вкупно 33 милиони евра од францускиот гигант беше апсолутно супериорна, Парма ја прифати, давајќи зелено светло Јапонецот да дојде во Париз.
Сузуки веќе ги имаше договорено личните услови со францускиот првак, па одличниот 23-годишен голман во следните неколку дена ќе дојде на прегледи и потпис со ПСЖ.
По комплетирањето на овој трансфер, „светците“ продолжуваат да преговараат за уште двајца фудбалери, Феран Торес од Барселона и Mика Готс од Ајакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
