Пу-пу не важи: Ѓорѓевиќ останува на чело на Виртус

Раководството на Виртус Болоња предизвика хаос во тимот со одлуката да му врачи отказ на Александар Ѓорѓевиќ, па сега лесно може да се случи српскиот стручњак да остане на клупата на италијанскиот прволигаш.

Ова попладнево го откриваат италијанските медиуми, информирајќи дека е закажан нов состанок меѓу управата и Ѓорѓевиќ на кој и двете страни ќе се обидат да ги смират страстите за соработката да продолжи најмалку до крајот на сезонава.

„Отказот на Ѓорѓевиќ предивика хаос во тимот, никој не очекуваше дека сите кошаркари цврсто ќе застанат зад својот тренер. Управата е приморана да ретерира, ќе следи состанок со Саша по што се очекува тој да остане на чело на тимот“, пишуваат новинарите добро упатени во случувањата во Виртус Болоња.

Се вчитува...