Путин и Инфантино играа на пенали на Црвениот плоштад

Претседателот на Русија, Владимир Путин, и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, беа дел од промоцијата на фудбалската игра на Црвениот плоштад, во чест на Светското првенство. Тие одиграа еден ‘дуел’ на пенали на најпознатиот московски плоштад.

„Целиот свет ја гледа Русија како одличен домаќин на Светското фудбалско првенство. Организацијата во оваа гостољубива земја е совршена. Можете да одите по улиците на сите руски градови и да видите како мажи, жени и деца носат дресови на различни репрезентации, а заедно се забавуваат. Тоа е сржта на фудбалот“, изјави Џани Инфантино.

На крајот од манифестацијата, Путин и Инфантино симболично го изведоа почетниот удар од центарот на игралиштето на ревијалниот натпревар меѓу светските фудбалски легенди и млади руски фудбалери.

 

Се вчитува...