Путин му посака на Катар успех во организацијата на Светското првенство

Нешто повеќе од еден месец не дели од почетокот на 22. издание на Светското првенство кое од Русија се сели во Катар. По повод делење на искуство денеска се сретнаа претседателот на Русија, Владимир Путин и катарскиот шеик Тамим вин Хамад, а Русинот му посака успех.

Благодарност изрази и катарскиот шеик кој додаде дека успешната организација во Русија помогнала во подготовките за еден од најголемите собири во светот.

„На располагање сме за делење на секој вид искуство во врска со подготовките за Светското првенство. Ви посакувам успех и сигурен сум дека се ќе биде како што треба“, изјави претседателот Путин.

„Успешната организација на Русија во 2018 година ни помогна во подготовките за Светското првенство на кое сега ние сме домаќини. Би благодариме за соработката“, додаде шеикот Тамим.

Се вчитува...