Работен состанок во КФСМ: Милојевиќ ги собра прволигашките тренери пред почетокот на сезоната

Александар Милојевиќ, комесарот за натпреварување, денес, во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) свика работен состанок со тренерите од машката Првата лига.

На собирот на кој присуствуваа најголем дел од стручните лица, Милојевиќ на присутните тренери им ја презентираше анализата на натпреварувачката сезона 2021/2022, а во размената на мислења, беа апострофирани и некои пооделни аспекти за подобрување на квалитетот на натпреварите во сезоната која стартува веќе на осми октомври со натпреварите од првото првенствено коло.

Одговорниот за регуларноста на лигите укажа и на некои квантитативни показатели за претходната натпреварувачка сезона.

Се вчитува...