Работнички до МЗТ Скопје: Работите не се решаваат на мускули, треба да се вклучи и мозок

Како да немаше доволно препукувања на македонската кошаркарска сцена, па во целата приказна се вклучи и КК Работнички, кој одговори на критиките и провокациите од МЗТ Скопје. „Центарци“ вечерва преку соопштение дадоа поддршка на одлуката за прекин на сезоната, потенцирајќи дека не постојат услови за играње кошарка во моментов.

Воедно, тие го „пецнаа“ директорот на вечниот ривал, Тони Грнчаров, порачувајќи му дека „работите не се решаваат на мускули, него некогаш треба да се вклучи и мозокот“.

Соопштението на Работнички го пренесуваме во целост:

 

Почитувани љубители на кошарка,

Изминатите неколку недели се изначитавме и изнаслушавме разни реакции од нашиот вечен ривал, како некој на нив им ја одземал титулата. Прво сакаа да бидат прогласени за шампиони со 45-50% одиграно првенство и само 1 поен пред нашиот Работнички, потоа кога најголемиот број од клубовите беа против и со укажување дека титула се добива на терен а не во канцеларија.

Потоа добивме нов предлог да се доиграло првенството само со домашни играчи. И сега очигледно изгледа дека сите останати клубови кошаркарски па и останатите од ракомет, фудбал, одбојка итн. во нашата држава а и секаде низ свет решиле заради пандемијата да ги прекинат спортските настани а и во најголем дел да донесат одлука иста како што донесе КФСМ, да заврши првенството без победник со постоечката табела и без испаѓање. Но, за почитуваните од МЗТ и тоа не беше доволно, па почнаа со лични навреди што преку навивачи, преку социјални медиуми и квази соопштенија каде и имавте разни навреди:
-ќебап
-навреди на национална основа
-златар
-дебел
-ќељав
-неписмени градоначалници
-свиња итн

Решивме да им поставиме неколку прашања:

1. Како ќе се игра кошарка кога има забрана за собирање во група не поголема од 5 луѓе?

2. Како ќе се држи растојание од два метра?

3. Дали играчите за да ги почитуваат мерките ќе треба да играат со маски и ракавици?

4. Што ќе се случи ако еден играч зарази цела екипа од ковид 19 и со тоа бидат ставени во карантин, дали истите ќе се дисквалификуваат?

Почитувани господа од МЗТ (ние сме урбани луѓе и не користиме примитивизми како гореспоменатите) ви порачуваме на вас и пред се на вашиот директор дека работите не се решаваат на мускули, некогаш треба да се вклучи и мозокот!

А сите што најавуваат разни војни и употребуваат закани, нека не не смеат, од сите војни секогаш сме излегувале посилни.

Со почит,

КК Работнички

Се вчитува...