Работнички доби „тројка“ во Минск и не положи за понатаму во Лигата на Европа

Работнички доживеа елиминација во второто квалификациско коло од Лигата на Европа, откако загуби на гости против Динамо Минск со убедливи 3-0. По ремито (1-1) во Скопје, „романтичарите“ не успеаја да сторат ништо повеќе на реваншот во Белорусија. Нојок, Галовиќ и Сарока ја погодија мрежата на Шишковски за убедлив триумф.

По почетното испитување на силите, Работнички имаше шанса да го отвори резултатот во 19.минута. Душко Трајчевски доби употреблива топка, шутираше од 14 метри, но не беше прецизен.

Само две минути подоцна, Динамо Минск дојде во водство. Олександр Нојок сам се избори за позиција за удар, шутираше откосо од десната страна и го совлада Шишковски.

Ol3ks@ndr N0y0k by 87taras

По ова, Треневски направи промени во тимот уште по половина час игра. Го уфрли на теренот Суад Сахити, на местото на Леон Најдовски. „Романтичарите“ се заканија преку Најденов, Дурански и Велинов, но без ефект.

Во вториот дел, Динамо Минск имаше убава шанса да го зголеми водството во 59.минута. Квашчински зафати волеј удар од 14 метри, но Шишковски успеа да одбрани.

Возвратија Суад Сахити и Кире Маркоски, но повторно остана да мирува мрежата на Динамо Минск. Во 68.минута, Велинов шутираше од слободен удар, но директно во голманот на домашниот тим.

Две минути подоцна, Динамо Минск поведе со 2-0. По корнерот од десната страна, Галовиќ скокна највисоко и со удар со глава ја затресе по вторпат мрежата на Шишковски. По ова, Сарока имаше можност и за трет погодок, но Митрев спаси во последен момент.

Goal Galovic N. (2:0) Dinamo Minsk vs Rabotnicki by ylberenexhipi

Во 84.минута, Белорусите ги разрешија сите дилеми. Антон Сарока постигна трет погодок, и беше јасно кој ќе патува во третото коло од квалификациите во Лигата на Европа.

Anton Saroka Goal HD – Din. Minsk (Blr) 3… by juniorrosenfeld

ДИНАМО МИНСК – РАБОТНИЧКИ 3-0 (1-0)

Стадион „Трактор“ во Минск. Судија: Николас Раинвил (Франција). Стрелци: Нојок 21’, Галовиќ 70’, Сарока 84’ (Динамо Минск). Ж. картони: Лукиќ, Бегунов, Нојок, Лековиќ (Динамо Минск),

ДИНАМО МИНСК: Климович, Галовиќ, Кузменок, Сачивко, Остроук, Нојок, Бегунов (71’ Карпович), Лековиќ, Лукиќ (78’ Николиќ), Сарока, Квашчински (86’ Кијко).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Рашо, Митрев, Најдовски (30’ С. Сахити), Билали, Херера (69’ Кадриу), Најденов, Трајчевски, Дурански (82’ Станковски), Велинов, Маркоски.

Се вчитува...