Работнички е „фабрика за фудбалски таленти“, најновиот е Методи Максимов (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички триумфираше со 1-0 над Тиквеш во премиерниот натпревар од 27. коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Игнатов и на вториот натпревар на клупата на тимот од Дебар маало стигна до триумф.

Покрај тоа Работнички уште еднаш покажа дека е тим кој произведува најмногу фудбалери во нашата земја, а тоа сега е Методи Максимов. По двата гола минатата седмица против Брегалница, денеска со еврогол донесе нова победа за својот тим.

Не само Работнички, туку и Македонија доби нов „фудбалски дијамант“.

 

 

Се вчитува...