Работнички и Феникс 2010 ќе играат за Јована Соломанова

Првата кошаркарска лига започнува следниот викенд, а на еден од натпреварите силите ќе ги одмерат Работнички и Феникс 2010. Мечот ќе има хуманитарен карактер и ќе биде дел од акцијата за собирање на средства за лекување на Јована Соломанова, објави прволигашот од Гази Баба.

За натпреварот не е предвидена продажба на карти, но во соработка двата тима ќе постават хуманитарни кутии каде љубителите на кошарката ќе можат да издвојуваат средства за Соломанова која има здравствени проблеми.

„Во првиот натпревар од новата сезона кој ќе биде одигран на 08.10 силите ќе си ги одмериме со Работнички, а истиот ќе има хуманитарен карактер за Јована Соломанова!

Јована се соочува со сериозни здравствени проблеми за кое се потребни големи финансиски средства.

Во соработка со КК Работнички за натпреварот во СРЦ „Кале“ ќе бидат поставени хуманитарни кутии каде со издвојување на симболична цена ќе може да помогнете во акцијата.

Истото можете да го направите и преку телефонскиот број 070 143 171, или со донација на трансакциската сметка:

ЈОВАНА СОЛОМАНОВА
300 – 0010000272 – 59
Комерцијална Банка
ул. Волгоградска 7/39 Скопје

ЗАЕДНО ДА ПОМОГНЕМЕ КОГА Е НАЈПОТРЕБНО!“, стои во објавата на Феникс 2010.

Се вчитува...