Работнички и Христов си подадоа рака, денеска официјална промоција

Работнички денеска добива нов тренер. Тоа ќе биде Борче Христов кој што неодамна беше на чело на велешки Борец. Искусниот Христов во минатото работеше во неколку клубови во нашата земја, а беше координатор на академијата на Карабах од Азербејџан и тренер на младинскиот тим.

Христов во Работнички доаѓа на местото на Александар Влахо кој вчера си поднесе оставка од местото шеф на стручен штаб, после поразот од Академија Пандев 0:3 на домашен терен.

Влахо втор пат заминува од Работнички. Во комбинација покрај Христов, беа и Жикица Тасевски како и Александар Таневски.

Се вчитува...