Работнички и МЗТ ќе платат 230.000 денари, без одлука за „Градски парк“

Работнички и МЗТ Скопје сосема очекувано високо се казнети од страна на Комесарот за натпреварување поради инцидентите што се случија на вечното дерби меѓу големите ривали одиграно минатиот викенд, што траеше два дена поради прекинот во третата четвртина и неможноста да се испразни дел од салата „Градски парк“.

Работнички ќе плати 135.000 денари, додека МЗТ Скопје ќе мора да плати 95.000 денари за однесувањето на своите навивачи, додека одлуката за евентуалната суспензија на салата „Градски парк“ е одложена за наредната седмица, кога дефинитивно ќе се знае дали Работнички до крајот на сезонава ќе настапува во својот дом, или ќе избере нова сала за домашните натпревари.

Работнички е казнет по неколку точки, а највисоките 50.000 денари ќе се платат за фрлање на тврди предмети опасни по живот, по фрленото стаклено шише на терен. Покрај ова, тимот од „Градски парк“ ќе плати 40.000 денари за плукање, 30.000 денари за тврди предмети, 10.000 денари за слаба организација и 5.000 денари за слаба редарска служба.

Во делегатскиот извештај од вечното дерби е наведено:

Организација на натпреварот со слабости и пропусти во контекст на членовите 53 и 54 од пропозициите за натпреварување 2017/2018. Од релевантните авторитети на полициските единици кои го обезбедуваа натпреварот е констатирана слаба редарска служба обезбедена од организаторот на натпреварот, малублојна и несоответно обучена за дејствување на вакви  натпревари. Наместо ангажирање на професионална агенција со обучени луге за вакви дејствија како што пишува во Планот за превентивно дејствување и организација на спортски натпревар, организаторот обезбедил малубројна група од луге вработени во единиците на локалната самоуправа.

Во салата беа присутни навивачките групи на двете екипи Фемили и Сити парк бојс но пред, кај и околу нив немаше присутно обезбедување освен силите на полицијата кои како тампон обезбедуваа немешање на навивачките групи со останатите гледачи. Натпеварот започна и веднаш по започнувањето на 2 секунди од почетокот беше прекинат поради фрлање на мноштво меки предмети-ролни од хартија (54.2) на теренот од навивачката група на МЗТ. Прекинот за оспособување наа теренот за игра траеше 4 минути. 

Поради недостаток на простор, останатите случувања ви ги доставувам во прилог на овој извештај на пропишан формулар НАТ 3. Снимка од натпреварот ке биде поставена на сервер според досегашната практика на клубот организатор. 

Уште од самиот почеток обете навивачки групи започнаа со познатиот вокабулар на вулгарно скандирање и довикување едни кон други и кон противничките екипи. Во повеке наврати на теренот од страна двете навивачки групи беа фрлени повеке запалки и метални пари. Во еден случај на теренот падна и се распрска мегафон фрлен од трибината каде беше навивачката група на МЗТ. За ваквото фрлање беа изречени јавни опомени на обете навивачки групи преку офицјалниот разглас. Судиите пријавија нивно постојано плукање од страна на двете навивачки групи, а особено од трибината под семафорот дури и во ситуации кога навивачите беа молени да престанат со тоа од страна на капитенот Мираковски и играчот Чековски, што повторно не даде резултат, па повторно беше изречена острајавнаопоменапо офицјалниот разглас кон двете навивачки групи со напомена дека ако плукањето и фрлањето продолжи ке бидат испразнети двете трибини. Од трибината на навивачите на Работнички на теренот беше фрлена ролна со селотејп кон навивачите на МЗТ но за среќа не стигна до таму? Едно лице навивач на МЗТ ја прескокна оградата каде беа навивачите на МЗТ трчаше по теренот и со вулгарни гестикулации ги предизвикуваше гледачите на главната трибина.   Повторно немаше реакција на обезбедувањето за да се спречи влегување на гледач на терен. Официјалните лица се обидоа со многу толеранција и позитивно чувство да го завршат натпреварот на теренот, но за жал не даде резултат. Водачите на навивачката група на МЗТ (3 лица) со опчекорена ограда делумно висеа над теренот и иако беше побарано нивно тргање тоа не се случи бидејки повторно немаше обезбедување да ги тргне од таму.На 03.18 минути до крај на третиот период од трибината каде беше навивачката група на МЗТ сочно беше исплукан судијата Митровски.

Во тој момент судиите одлучија дека опомените повеке не даваат резултат и дека повеке нема нема услови за продолжување на натпреварот, се повлекоа во соблекувалната и натпреварот беше повторно прекинат. Во соблекувалната на судиите веднаш по прекинот беше организирана средба на офицјалните лица со релевантните фактори, на која присуствуваа Комесарот на лигите, висок претставник на МКФ и командирите на двете полициски единици кои го обезбедуваа натпреварот. На кратката средба која траеше 15 тина минути се дојде до заклучок дека невозможно е парцијално празнење на салата, бидејќи тоа треба да го стори агенцијата за обезбедување најмена од организаторот која и според заедничкиот заклучок ја нема, и дека ситуацијата ке биде иста и после 1 час, па заради спречување на  создавање на дополнителни конфронтации и можни понатамошни инциденти во и надвор од салата ако дојде до парцијално празнење кое во овие услови не е возможно официјалните лица на натпреварот одлучија за потполен прекин на истиот.

Во ваква ситуација на офицјалните лица на натпреварот не им остана друга опција освен примена на членовите 43.6.2 и 43.6.3 од Пропозициите за натпреварување каде е регулирана оваа материја, и каде таксативно е наведено дека ако нема можност салата да се испразни делумно или потполно натпреварот ке биде прекинат и ке се одигра во наредните 24 часа без присуство на публика со време и резултат од моментот на прекинот. Таква одлука едногласно беше донесена и објавена на офицјалниот разглас во салата.Во моментот на објавување на одлуката додека играчите се уште беа на теренот од трибината каде беше навивачката група на Работнички, кон клупата на МЗТ и записничката маса беа фрлени 2 празни стаклени шишиња од пиво Туборг и едно полупразно пластично шише од 1.5 литри вода. За голема среќа никој не беше погоден и повреден.  Оваа случка укажува на фактот дека на трибината кај домашните навивачи имало внесено алкохолни пијалоци и никој не го спречил тоа. После тоа двете екипи го напуштија теренот а потоа и салата.

Наредниот ден 18.03.2018 натпреварот се доигра и заврши нормално. Останатото без забелешки од страна на обете екипи и службените лица.

Воедно, Комесарот предупреди и на несериозноста на судиите откако на продолжението в недела се појавиле само двајца судии.

„На продолжението во Недела на 18.03. во 18 часот, се појавија само двајца помошни судии. Бидејки продолжението беше без гледачи немаше друга можност да се доигра натпреварот освен судијата Минчевски да ги обавува двете функции, мерач на време – семафор, како и мерач на 24 секунди! На мое прашање зошто е тоа така на продолжение по прекин на ваков дерби натпревар, добив одговор дека немало слободни судии и никој не сакал да дојде. Несериозно и неодговорно во секој случај“ – посочува комесарот Цветковски.

Се вчитува...