Екипата на Работнички предводена од Горан Станиќ ќе го игра првенствениот натпревар против Силекс во сабота во 13:00 часот. Клубот во понеделникот се раздели од Милан Илиевски, со кого спогодбено беше раскината соработката.
Во изминатите неколку дена, раководството на „романтичарите“ било во преговори со неколку имиња, дознава ЕКИПА. Меѓу нив се и Срѓан Захариевски како и поранешниот фудбалер на овој тим Зекирија Рамадан. Но и со едниот и со другиот не дошло до договор, и тие засега отпаѓаат од клупата на „романтичарите“.
Работнички во моментов е на 9. позиција на табелата со 13 освоени бодови од 12 натпревари, што не е во согласност со амбициите пред почетокот на сезоната. Пред десетина дена и официјално клубот беше купен од берзата за 600.000 евра. Турскиот „Џевахир“ стана мнозински сопстеник на акциите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА