Работнички и Шкендија ќе се „тестираат“ во сабота во Тетово

Македонските клубови ќе ја искористат паузата поради репрезентативните обврски за одигурвање на пријателки натпревари. Така во сабота во 13 часот во Тетово на Градскиот стадион меѓусебно ќе се сретнат Шкендија и Работнички.

Тоа ќе биде можност за новиот тренер Борче Христов да ја види моменталната форма на фудбалерите на „романтичарите“.

Исто така денеска контролен натпревар ќе одигра екипата на Шкупи, која гостува во Истанбул на тимот на Бешикташ.

Се вчитува...